X
 27.01.2020 Живот

Драга кошарко!

„Драга кошарко“ е американски анимиран краток филм напишан и прочитан од Коби Брајант. Филмот се базира на писмото што Коби го напиша во 2015 година, а со кое го најави неговото пензионирање од кошарката. Краткиот филм доби и „Оскар“ за најдобар анимиран краток филм.

Денес ова писмо е поболно од кога и да е.

Прочитајте и слушнете.



Драга, кошарко

Од моментот
кога почнав да ги свиткувам чорапите на татко ми
и да шутирам замислени
шутови за победа
во Грејт Вестерн форум
знаев дека едно нешто е реално:

Се заљубив во тебе.

Љубов толку длабока што ти дадов сѐ -
од мојот ум и тело
до мојот дух и душа.

Како шестгодишно момче
длабоко вљубено во тебе,
никогаш не го видов крајот на тунелот.
Само се видов себеси
како излегувам од еден.

И така трчав.
Трчав нагоре и надолу по секој терен
по секоја слободна топка за тебе.
Ми бараше енергичност
ти го дадов срцето
зашто дојде со многу повеќе.

Играв преку потта и болката
не затоа што ме повикуваше предизвикот,
туку затоа што ме викаше ТИ.
Направив сѐ за ТЕБЕ
зашто тоа го правиш
кога некој прави да се чувствуваш толку
жив како што направи ти да се чувствувам.

Му го даде на шестгодишно момче лејкерскиот сон
и јас секогаш ќе те сакам за тоа.
Но, не можам да те сакам опсесивно уште долго.
Оваа сезона е сѐ што можам уште да дадам.
Моето срце може да го поднесе биењето,
мојот ум може да се справи со мачењето,
но моето тело знае дека е време да се каже збогум.

И тоа е во ред.
Подготвен сум да те пуштам.
Сакам да знаеш сега
за да можеме заедно да уживаме во секој заеднички момент што ни остана.
Добриот и лошиот.
Си дадовме еден на друг
сѐ што имаме.

И, и двајцата знаеме дека без разлика што следно ќе правам,
секогаш ќе бидам тоа дете
со свитканите чорапи
корпа за отпадоци во ќошот
:05 секунди на часовникот
топката во моите раце.
5... 4... 3... 2... 1

Те сакам засекогаш,
Коби


Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот