X
 04.06.2015 Живот

Знаеш дека си МАКЕДОНЕЦ ...

Знаеш дека си Македонец, кога се сеќаваш на уличните прослави низ цела земја после кошаркарската победа над Грција.

Знаеш дека си Македонец, кога и после четири години во било каков разговор наоѓаш начин да ја вметнеш легендарната реченица на Владо Илиевски: „Леле луѓе што направивме?!“

Знаеш дека си Македонец, кога
Бо ќе го прекрстиш во Борче. Кога целата земја ќе ја прекрие црвено- жолта спортска радост.

Знаеш дека си Македонец, ако беше на плоштад со цел да прославуваш со нашите тогашни кошаркарски херои.

Знаеш дека си Македонец, кога од сите грла ечи: Излези момче право на тераса...

Има многу начини да знаеш дека си Македонец. Како на пример кога си дел од фалангата. Затоа ве повикуваме оваа есен да бидете македонска фаланга и заедно во Загреб да ги бодриме нашите момци на престојното Европско првенство.



Во соработка со туристичката агенција Putuj Bolje ви нудиме екстра пакети на влезници и сместување во Загреб со цени од кои ќе ви се заврти во глава. Звучи неверојатно, но вистина е. Ако го читате текстов тогаш веднаш резервирајте го своето седиште во спортската арена „Загреб“ бидејќи со оваа понуда цените за пакет влезници и сместување во Загреб започнуваат од 13 евра.

„Сакавме на македонската фаланга да и овозможиме одлични услови за следење на натпреварите на македонската кошаркарска репрезентација и во соработка FIBA и угостителските објекти во Загреб изработивме неколку пакети кои гарантираат пет влезници за натпреварите на Македонија со одлични места за следење и бодрење на нашите кошаркари и сместување во Загреб. На пример најблиската опција за сместување е на 500 метри од Загребачка Арена. Сметаме дека создадовме одлични пакети за кои сите заинтересирани можат да се информираат на info@putujbolje.com. Како што е и името на нашата агенција „Патувај подобро“ сакавме на Македонците кои оваа есен ќе ги бодрат нашите момци на терен да им го дадеме најдоброто од Загреб по екстра поволни цени“- вели Елизабета Планинич, Македонка која веќе 11 години го гради својот туристички бренд во Хрватска кој се денеска се наоѓа меѓу најпрестижните агенции кои потребите на своите клиенти ги става на прво место.

Бидете и вие на прво место заедно со нашата кошаркарска репрезентација овој Септември во Загреб, и не дозволувајте 900 километри да застанат меѓу вашата кошаркарска страст и одличните пакети кои годинава се привилегија единствено за македонските навивачи.

Се гледаме на терен!

За кого?
За МАКЕДОНИЈА!

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот