X
 27.05.2020 Наука

Дури и планирањето на одморот може да го подобри вашето ментално здравје

Истражување од Универзитетот „Корнвал“ открива дека луѓето кои планираат патување доживуваат подобри чувства за нивната социјална состојба, економските средства, здравствената состојба и животот воопшто.

Според италијанскиот министер за култура и туризам, постои голема шанса само Италијанците да уживаат под тосканското сонце ова лето.

Сепак, тоа не е причина да го одложите вашето планирање за патување оваа година, бидејќи тоа може да ви даде значителен ментален поттик во овие бурни времиња.

Уште во 2014 година, истражувачите од Универзитетот „Корнвол Амит Кумар“ и Метју Килингсворт објавија труд за тоа како искуствата обезбедуваат поголемо задоволство од материјалните добра. Трудот се фокусирал на честопати занемарениот аспект на инаку најистражуваното поле - искуствата наспроти материјалното трошење и психолошките ефекти и пред и после трошењето.

Истражувањето открило дека задоцнетата благодарност, особено таа поврзана со патувањето, била попријатна и за непосредно консумирање и за одложено консумирање. Друго истражување од 2002 година откри дека граѓаните на Велика Британија биле посреќни кога планирале годишен одмор.

patuvanje
Фото: Pixabay

- Се чини дека оние што чекаат да одат на одмор се многу посреќни со својот живот како целина, доживуваат помалку негативни или непријатни чувства и уживаат во секвупниот позитивен ефект од пријатни чувства. Исто така, групата што одела на одмор била посреќна со сопственото семејство, економската состојба и здравствените домени во споредба со групата што не одела на одмор - се вели во истражувањето.

- Се наоѓаме на добро место ако знаеме дека во иднина доаѓаат добри работи, а патувањето е особено добра работа што со нетрпение ја очекуваме - вели Килингсворт.

Планирањето на патување може да биде особено возбудливо затоа што многу често знаеме само каде одиме, па замислувањето специфични пријатни детали, но и неизвесноста нè остава да се прашуваме за новите возбудливи ситуации.

- Во извесна смисла, почнуваме да го „консумираме“ патувањето веднаш штом почнеме да размислуваме за него. Кога замислуваме дека јадиме пица во Рим не гледаме баш колку што сакаме да видиме, но искусуваме верзија на тие настани во нашиот ум - вели Килингсворт.

Извор: Good News Network
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука