X
 27.06.2018 Технологија

„Гугл Ерт“ со нова функција што ќе ве воодушеви

Најновата функција на „Гугл Ерт“ им овозможува на корисниците мерење на растојанието помеѓу две точки или површината на целото подрачје на мапата. Со други зборови, сега конечно можете да откриете колку е оддалечена вашата куќа од Ајфеловата кула.

За работите да бидат подобри, површината не мора да ја измерите во зададениот квадрат. Со помош на новата алатка ќе можете да изберете неправилни форми, како паркови, земјишта, згради, па дури и земја.

Најновата функција за мерење е достапна на „Андроид“ во рамките на на „Гугл Хром“. Корисниците на оперативниот систем на „Епл“ ќе мора малку да причекаат.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија