X
 27.07.2025 Технологија

Збогум на полначите, претставен е првиот електричен автомобил што се полни додека вози

Замислете да возите електричен автомобил низ градот, на автопат или да стоите на семафор, а батеријата да се полни во исто време. Без кабли, станици или планирани полнења. Звучи речиси неверојатно, но токму ова е постигнато во Индија.

Зад оваа револуционерна идеја не стои „Тесла“, „Тојота“ или некоја друга голема компанија, туку професорот по физика Сатјам Кумар Џа од државата Махараштра, со помош на неговата сопруга Прити Џа. Тие развиле систем за автоматско полнење кој го користи ветерот, но не со големи турбини, туку со компактен генератор на ветер кој работи дури и со брзина помала од 30 км/ч.

Уредот го користи движењето на возилото за да генерира електрична енергија, хранејќи ја батеријата во реално време, без разлика дали возите, стоите во сообраќаен метеж или на семафор. Благодарение на оваа технологија, автомобилот има неограничен домет и не зависи од инфраструктурата за полнење.

Предностите се многубројни: нема потреба од закажани постојки за полнење, оперативните трошоци се минимални бидејќи енергијата се генерира за време на возењето, а влијанието врз животната средина е речиси занемарливо бидејќи нема надворешен извор на енергија.

Иако сè уште е во фаза на комерцијален развој, тимот бара партнери и инвеститори за проширување на оваа технологија. Професорот Џа вели дека ова не е експеримент, туку конкретно решение што може да го промени светот, особено за руралните области и регионите со слаб пристап до електрична енергија.

Доколку оваа технологија се прошири во поголем обем, би можеле да бидеме на прагот на нова ера на мобилност, целосно автономна и независна од надворешни извори на енергија.

Извор: benchmark.rs

Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија