X
 27.10.2022 Образование

Над 3 милиони студенти во Турција не можат да најдат сместување за време на студиите

Студентите во Турција што не може да пронајдат соодветно сместување за време на студирањето веќе повеќе од една година се обидуваат да го привлечат вниманието на проблемот со прескапите станарини.

Турските студенти веќе една година протестира поради недостигот на студентско сместување, а некои од нив дури спијат во паркови, пренесува „Дојче веле“. Протестите се прават во рамките на иницијативата „Небото ни е покрив“, поттикната по поскапувањето на цените за станарина во турските градови во последните години.

Цените се премногу високи за студентите, а нивните протести не донеле подобрување на ситуацијата.

- Имаме 4 милиони студенти, а во студентските домови во делови од земјата има места за само 800.000 - изјавила студентката Назгул Камур, додавајќи дека таа е една од над 3 милиони студенти што не можат да најдат сместување.

Владата го зголемила бројот на кревети во студентските домови, но студентите бараат да ги ограничи цените за студентското сместување.

- Освен станарина, мора да се платат и додатоци за одржување, но и да се приложи депозит во висина од една или две месечни рати за стан. Со студентски кредити не можеме да ги покриеме тие трошоци. Тоа не го можат ниту нашите родители - изјавил студентот Девран Кара.

Последните години се забележува масовно отселување на младите од Турција, а дел од нив си заминале поради превисоките трошоци за студирање.

Извори: Moj faks | DW
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование