X
 15.05.2016 Политика

Работи кои не сте ги знаеле за Ердоган

Како студент напишал драма во која масонеријата, комунизмот и јудаизмот ги прогласил за единствено зло. Додека бил градоначалник на Истанбул, бил осуден на десет месеци затвор затоа што џамиите ги споредил со касарни, куполите со шлемови, а верниците со војници.


Реџеп Таип Ердоган, моменталниот претседател на Турција и човек кој ја води таа држава од 2002 година, претходно во својство на премиер, се смета за еден од најбитните светски лидери. За него се знае многу, но постојат информации кои се речиси непознати за пошироката јавност надвор од Турција.

1. Иако е роден во Истанбул, семејството му потекнува од истокот на Турција, каде што ги поминал првите 13 години од животот. Тој му помагал на семејството финансиски продавајќи лимонада и ѓевреци.

2. Во 2014 година во телевизиско интервју рекол: „Нема да верувате што се` зборуваат за мене. Зборуваат дури и дека сум Грузијец... дури и многу погрди работи, ме нарекуваат Ерменец, но јас сум Турчин“. Тоа ја возбудило јавноста во земјата поради говорот на омраза кон Ерменците и Грузијците. На крајот се дознало дека тој лично го изјавил тоа во 2003 година за време на посета во Грузија: „Јас сум Грузијец, моето семејство е грузиско семејство кое од Батуми се преселило во Риза“.

3. За време на студиите играл фудбал на полупрофесионално ниво и бил толку добар во тоа што Фенербахче му понудил професионален договор. Неговиот татко го спречил во тоа и така, не знаејќи, ја сенил турската историја.

4. Додека бил член на „Националната турска студентска унија“ и младинскиот предок на исламистичката Партија на национален спас, напишал, режирал и глумел во драма во која масонеријата, комунизмот и јудаизмот ги претставил како единствено зло. Оваа претстава се изведувала низ Турција 17 години.

5. Уште за време на студиите станал поборник на политичкиот ислам. Во 1994 станал првиот исламистички градоначалник на Истанбул.


6. Во 1998 година бил осуден на десет месеци затвор поради ширење верска омраза. Имено, одржал говор во кој џамиите ги споредил со касарни, куполите со шлемови, а верниците со војници. По пресудата моментално поднел оставка, но отслужил само четири месеци робија.

7. Член е на суфискиот ред „Заедница на Искендерпаша“, која е во рамки на сунитскиот ислам. Овој ред имал многу истакнати членови. Суфизмот е старо движење колку и самиот ислам, а нагласува мистичен аспект на мухамедската вера и начин на живот насочен кон постигнување единство со Бога по пат на љубов, самопознаање, аскетизам итн.

8. Во текот на првите десет години од неговата власт, реалниот бруто-домашен производ на Турција пораснал за 64%, а оној по глава на жител за 42%. Просечниот годишен раст бил 3,6%.

9. Во текот на своите мандати, тој го зголемил бројот на аеродроми во земјата од 25 на 50, изградил 13.500 километри автопати, бројот на сообраќајни несреќи паднал за 50% и изградил илјада километри брзи пруги, а обновил 5.000 километри постоечки. Моментално се гради подземен тунел под Босфор.

10. Во февруари 2014 се појавиле аудио снимки од наводен разговор на Ердоган со својот син во кој претседателот му дава упатства како да скрие огромни парични суми. Самиот Ердоган признал дека телефонот му е прислушкуван, но тврдел дека разговорот е монтажа.

11. Соодветно на концептот „Нова Турција“, Ердоган изградил сосема нова претседателска палата во Анкара која е огромна. Чинела над 600 милиони долари, а постојат обвиненија за корупција при изградбата. Освен тоа, таа е изградена на место забрането за изградба според законот, па технички е нелегална.

12. Тој предложил отомански поим за универзитетските комплекси, а тоа е само една од причините поради која во Турција го обвинуваат дека сака да ги укине секуларните и демократски принципи на републиката и самиот да се прогласи за султан или калиф.

13. Наводно, Ердоган не сака образовани луѓе и интелекталци, а често погрдно зборувал за нив. Експертите тврдат дека неговото гласачко тело е еднакво непријателски настроено кон академската класа.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Политика