Мислите дека знаете сѐ што може да се знае за култната серија „Пријатели“?
Најновото откритие е дека Лиза Кудроу не секогаш сама ги глумела сцените во кои нејзините два лика, Фиби и Урсула, биле заедно на екран. Со неа била и нејзината сестра Хелен, која ја играла улогата на нејзината сестра како двојничка.
Не се близначки
Кога креаторите на „Пријатели“ решиле да ја вклучат Урсула во серијата (таа се појавила во осум епизоди), настанал уникатен продукциски предизвик. Тогаш се вмешала Хелен. Сестрите Кудроу не се близначки во вистинскиот живот – Хелен е четири години постара од Лиза. Сепак, тие изгледале неверојатно слично, па продуцентите го искористиле тоа.
За сцените во кои Фиби и Урсула се заедно на екран, режисерите користеле класична метода на поделен екран. Хелен ја глумела едната од сестрите (најчесто Урсула) од задниот дел, а потоа Лиса ја снимала истата сцена играјќи ја другата сестра. Подоцна, продукцискиот тим ги споил сцените за да се создаде илузија дека двете сестри се заедно.
Хелен е прилично таинствена, па нејзиниот лик не се појавува никаде.
Урсула била и во друга серија
Инаку, близначката на Фиби, Урсула, била и лик од друга ТВ-серија „Луд за тебе“ (англ. Mad About You), која се емитувала од 1992 до 1999 година (се поклопувала со „Пријатели“). Урсула во серијата секогаш претставувала контраст на добрата и ведра Фиби – била студена, пресметлива и често ја користела добродушната природа на нејзината сестра.
Извор:
Index.hr
Фото: Screenshot/YouTube