X
 28.05.2022 Живот

Тајната на долговечноста на жителите на едно италијанско село

Пред десетина години малото село Молокио, кое се наоѓа на самиот југ на Италија, се најде на насловните страници на светските медиуми како место каде што живеат речиси 300 жители со над 100 години.

Молокио е познато и како „сина зона“, според истоимената книга која истражува зошто луѓето во одредени делови од светот помалку се разболуваат и живеат подолго од другите. Грчкиот остров Икарија е исто така „сина зона“, како и полуостровот Никоја во Костарика.

„Но бако, но тобако, но венере“, односно живот без алкохол, пушење и жени е тајната на долговечноста на жителите кои живеат во ова село, смета жителот Салваторе Карусо. Веројатно помогнала и исхраната, која претежно се состои од грав и смокви, како и избегнувањето на црвеното месо.

„Поко, ма туто“, односно помалку од сѐ е животната филозофија на 103-годишниот Доменико Ромео, кој исто така живее во Молокио.

Која е причината? Зошто мештаните живеат подолго од 100 години? За да ги откријат тајните на долговечноста на југот на земјата, Италијанците решија да поканат врвни научници кои ќе се занимаваат со овие прашања.

selo
Фото: Instagram

Една хипотеза вели дека недостигот што го претрпеле како деца, фактот дека имале малку храна и биле принудени да постат подолг временски период и да јадат само овошје и зеленчук, одиграл огромна улога во нивната долговечност.

Планираното клиничко испитување ќе земе примерок од 500 луѓе и ќе ги подели во две групи. На едната група ќе ѝ се даде храна што ја јадат луѓето со модерни навики, а на другата ќе ѝ се даде храна што ја јадат овие стогодишници и тоа само во одредени периоди од денот.

Истражувањето ќе го утврди влијанието на исхраната врз долговечноста, но и на постењето. Една идеја е дека постењето започнува биолошки процеси кои можат да ги натераат луѓето да живеат подолго, помагајќи да се обноват клетките и да се заштитат од болести поврзани со стареењето, како што се дијабетес, срцеви заболувања и когнитивно опаѓање.

Прашањето што останува е ако луѓето знаат што може да придонесе за подолг животен век, дали би сакале да го променат своето однесување?

Извор: Forbes.com
Фото: Wikipedia
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот