X
 28.06.2018 Култура

Милијардерски бункери: Како богатите се подгoтвуваат за апокалипса

Ако споменете бункери за судниот ден, повеќето луѓе ќе замислат бетонска соба исполнета со конзерви храна.

Заканата од глобалното уништување може да се почувствува исто како и во времето на Студената војна, но денешните високи безбедносни засолништа се и тоа како поразлични од оние во 20 век.

Голем број компании низ целиот свет се обидуваат да ја задоволат зголемената побарувачка за структури што ќе ги штитат луѓето од каков било ризик, без разлика дали станува збор за глобална пандемија, астероид или трета светска војна - обезбедувајќи им луксузна удобност.

bunkeri
Фото: Terravivos.com


- На вашиот татко или дедо не му било удобно во бункерот - вели Роберт Вичинио, претприемач за недвижности и извршен директор на „Вивос“, компанија која гради и раководи со засолништа од целиот свет.

- Тие биле сиви, метални, како бродови или нешто воено. Вистината е дека човештвото не може да преживее долгорочно во таква мрачна средина - додава тој.

Голем дел од светската елита, вклучувајќи ги и технолошките директори, избрале да ги дизајнираат своите тајни засолништа каде што ќе можат да ги сместат своите семејства и вработените.

Гери Линч, генерален менаџер на компанијата „Рајзинг С“, вели дека во 2016 година продажбата на нивните подземни бункери пораснала за 300 отсто по ноемвриските претседателски избори во Америка.

Челичните бункери на оваа компанија, дизајнирани да издржат со генерации, може да преживеат земјотреси.

И додека некои сакаат да бидат сами во своите бункери, други претпочитаат да ја дочекаат апокалипсата во заедница што нуди искуство блиско до реалниот свет.

Повеќето вклучуваат резерви за храна за една година или повеќе, а многумина имаат хидропониски градини за дополнување на оброците.

Едно од засолништата, „Вивос експоинт“, содржи 575 воени бункери кои служеле како складиште за воените единици од 1967 година. Во моментот тие се претворени во објект во кој ќе бидат сместени околу 5.000 луѓе. Ентериерот на бункерите ќе биде дизајниран од сопственикот за цена од 25.000 до 200.000 долари. Цената зависи од тоа дали сакаат минималистички простор или поголем дом.

Комплексот ќе биде опремен со сите удобности на еден мал град, вклучувајќи театар на заедницата, училници, хидропониски градини, медицинска клиника, спа и фитнес.

Еве како изгледаат дел од нив.

ГАЛЕРИЈА
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура