X
 03.03.2016 Образование

Како Малала им помага на децата бегалци да добијат образование?

Откако беше нападната од страна на Талибанец бидејќи зборуваше јавно против забраната за образование за девојчињата, таа го основа фондот „Малала“ за да им помогне на девојчињата да добијат 12-годишно безбедно, бесплатно и квалитетно образование.


Малала Јузафсаи е и добитник на Нобеловата награда за мир.

Денес, нејзиниот фонд има програми во Пакистан, Нигерија, Кенија, Сиера Леоне и други земји во кои доаѓаат сириски бегалци, кадешто одат и на училиште. Малала отвора училишта, инвестира во образовни институции и доделува грантови за девојчиња преку нејзината непрофитна организација.

National geographic“ нуди поглед во резултатот од нејзината работа преку фотографии. Истите погледнете ги во галеријата.

ГАЛЕРИЈА


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование