X
 28.06.2025 Наука

Африка полека се разделува, ќе се појави нов океан

Ритмичкото пулсирање под копно во Источна Африка полека ја дели континенталната плоча, но вистинските ефекти ќе се почувствуваат дури по милиони години. Конечниот резултат? Нов океански басен.

Истражувачки тим анализирал над 130 примероци од млади вулкани во еден необичен геолошки предел под Етиопија, во рамките на истражување објавено на 25 јуни во „Нејчр џиосајнс“.

Афарската раседна зона е едно од ретките места на Земјата каде што се среќаваат три тектонски раседни појаси: главниот етиописки, Црвеното Море и Аденскиот Залив. Се претпоставува дека под оваа точка се крева лава која потекнува од мантијата (слојот во едно планетарно тело сместен над јадрото и под кората). Имено, од овие зони се очекува плочите да се издолжуваат и на крајот да се распарчат, отворајќи простор за нова океанска платформа на површината. Истражувачите потоа ги комбинирале анализите на примероците со постојните податоци и напредните статистички модели за да ја испитаат динамиката на кората и мантијата во областа. Како што се претпоставувало, афарската мантија не е еднобразна, ниту статична.

Емa Ватс од Универзитетот во Суонсеи го предводеше тимот кој собрал примероци од афарскиот расед и главниот етиописки расед. Тие комбинирале лабораториски анализи со статистички модели за динамиката на кората и мантијата. Според Том Гернон од Универзитетот во Саутемптон, овие „удари“ се слични на биењето на срцето. Длабоко под земјата топла магма се зголемува и помага да се растегнат плочите.

- Овие наоди имаат значајно влијание врз разбирањето на вулканското движење и движењето на земјата, како и распарчувањето на континентите - вели Дерек Кир.

Иако точниот термин за појавата на новото море не може да се предвиди прецизно, брзината на растегнување е 5-16 мм годишно. Според Ватс, потребни се милиони години.

Извор: Popsci.com
Фото: Derek Keir / University of Southampton / University of Florence
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука