X
 28.12.2018 Технологија

Конечно „Вибер“ воведува новост што ќе ја користат апсолутно сите

„Вибер“ постои веќе осум години, а во првите четири години генерира голем број корисници, за во 2014 година за милијарда долари да ја купи јапонскиот гигант „Ракутен“.

Денес има околу милијарда регистрирани корисници кои постојано очекуваат нови опции и поедноставна комуникација.

Гласовните пораки обично се користат затоа што се побрзи и поедноставни, со оглед на тоа што повеќето корисници побрзо зборуваат отколку што пишуваат. Така и на „Вибер“ расте бројот на пораки испратени во аудиоформат, а експертите претпоставуваат дека дошло до тоа затоа што сѐ поголем број луѓе се навикнале да задаваат гласовни команди на дигиталните асистенти, така што оваа навика се пренесува и на комуницирањето со другите корисници.

Затоа, максималната должина на гласовите на вибер-пораките е продолжена на 15 минути и во неа може да собере цел монолог со голем број информации.

Иако се побрзи кога станува збор за испраќање, гласовните пораки сепак се понезгодни од текстуалните бидејќи не може да се преслушаат во секоја ситуација, па „Вибер“ најави опција што во иднина  ќе ги претвора гласовните пораки во текст за сите да бидат задоволни.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија