Веќе неколку недели речиси целиот свет живее без спортски натпревари поради пандемијата на коронавирусот и на некои луѓе тоа им паѓа навистина тешко, па се обидуваат на разни начини да си ја вратат возбудата во домовите.
Така и 20-годишниот Аурео Дени дос Сантос Дантас од Бразил почнал да ги опишува секојдневните активности на неговите родители на невообичаен начин - во стил на страстен фудбалски коментатор.
- Тој ја мие левата рака, па преминува на десната. Триј ги прстите дечко, цел Бразил сака да те види како ги миеш рацете меѓу прстите, пред моите очи се одвива историја! Ги истриииии - извикува младиот Бразилец додека татко му си ги дезинфицира рацете.
Погледнете како ова момче си ја олеснува изолацијата.