X
 29.05.2021 Живот

Убавината на Холандија во пролет прикажана низ неверојатни фотографии

Фотографот Алберт Дрос продолжува креативно да го користи своето време додека меѓународните патувања и понатаму се ограничени. Како и повеќето луѓе, и Дрос бил принуден да остане во неговата земја оваа година.

Неговото последно портфолио е оддавање почест на убавината на пролетта во Холандија. Покажувајќи ја својата родна земја, Дрос докажува дека за најдобрите фотографии понекогаш не е потребно да патуваат многу далеку.

Од поле со расцветани лалиња до живописни ветерници, Дрос ја доловува магијата на Холандија во пролет. За да ја добие најдобрата фотографија, Дрос се будел рано наутро за да го фотографира пејзажот.

- Тоа е Холандија, ние сме познати по нашето „убаво“ време. Бидејќи често имаме и сиви денови со многу дожд. Но, кога сте разбудени наутро и првата сончева светлина ќе излезе со слој магла што го покрива пејзажот, ги заборавате врнежливите денови - вели тој.

ГАЛЕРИЈА

Извор: Mymodernmet.com
Фото: Albert Dros/Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот