X
 29.06.2025 Живот

Со помош на нанотехнологија научници ја направија најмалата виолина во светот

Физичари од Универзитетот во Лафборо тврдат дека ја направиле најмалата виолина на светот користејќи нанотехнологија.

Според нив, работата на овој малечок инструмент, помал од ширината на човечко влакно, може да придонесе во истражувањето на различни области, како подобрување на ефикасноста на компјутерите или развој на нови методи за собирање енергија.

Сепак, оваа виолина е микроскопска слика, а не функционален инструмент за свирење и сè уште не е официјално потврдена како најмалата виолина во светот, соопшти универзитетот.


Извор: ВВС
Фото: Screenshot/BBC
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот