Ултратенкиот телефон „С25 Еџ“ на „Самсунг“, лансиран во мај оваа година, е дебел само 5,8 мм и тежи 163 грама, што го прави екстремно лесен и тенок андроид-уред. Иако првично беше претставен како премиум модел, неговата продажба не ги исполни очекувањата на пазарот.
Главната причина за помалиот успех е тоа што одредени спецификации беа жртвувани заради екстремно тенок профил, пред сè, мала батерија со капацитет од 3.900 мАх, а беше критикуван и недостигот на телефото-објектив, и покрај присуството на главна камера од 200 МП, што не се покажа како добитна комбинација за корисниците.
Според најновите информации објавени од познатиот инсајдер „Ајс јуниверс“, наследникот на моделот „С25 Еџ: галакси С26 Еџ“, носи големи подобрувања токму во тие области. Телото би можело да биде уште потенко, додека капацитетот на батеријата би бил поголем. Иако специфичните спецификации сè уште не се потврдени, самата најава предизвика многубројни позитивни реакции и зголемен интерес на пазарот.
Исто така, се шпекулира дека „Самсунг“ планира целосно да ја откаже варијантата „С26 Плус“ следната година и да ја замени со моделот „С26 Еџ“, што би ја натерало целата серија „С26“ да се одлучи за уште потенок и полесен дизајн.
Клучното прашање ќе биде како „С26 Еџ“ ќе биде позициониран во однос на другите модели од серијата и како ќе се разликува од нив.
Извор: benchmark.rs
Фото: YouTube screenshot