X
 29.08.2019 Технологија

Вештачка интелигенција ги учи луѓето на емпатија

„Хумана фармаси“ лансира систем на вештачка интелигенција кој нежно ги поттикнува вработените што зборуваат на телефон да бидат попријателски настроени и поемпатични кон муштериите.

Алгоритамот е направен од страна на компанијата за развој на вештачка интелигенција „Когито“ и ги потсетува луѓето кога се тивки многу долго време или кога почнале да зборуваат пребрзо. Со оглед на тоа дека обично инженери се оние што се обидуваат да програмираат нешто што личи на емоција во безживотните машини, обратната ситуација е малку невообичаена.

Ништо од ова не значи дека вештачката интелигенција дошла до точка да ги разбира емоциите на човечко ниво или дека чувствува нешто.

Всушност, алгоритамот бара шеми на однесување - повишен тон, забрзано зборување, долга тишина - кои би можеле да сигнализираат недостиг на емпатија или да се поврзани со фрустрација на клиентот.

Џошуа Фист, извршен директор на „Когито“, истакна дека тој смета дека системот е повеќе тренер отколку замена за луѓето.

- Не мислам дека тие (луѓето-агенти) ќе бидат целосно заменети. Луѓето секогаш сакаат да зборуваат со други луѓе. Причината за тоа е што само другите луѓе навистина нè разбираат - истакна Фист.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија