X
 29.08.2023 Образование

Неколку причини зошто студентскиот дом е подобар избор отколку стан

Студентски дом или стан? Тоа е честа дилема на студентите. На некои им се допаѓа спокојот во станот, а други не можат без вревата и метежот што се присутни во студентските домови. Некои штедат за да можат да платат кирија во стан, а други се „принудени“ да живеат во дом. Во продолжение се пет причини зошто животот во студентски дом сепак би можел да биде малку подобар отколку животот во стан како студент.

Животот во студентски дом е финансиски поисплатлив

Неоспорно е дека живеењето во студентски дом е многу поевтино. Освен што најверојатно ќе платите помалку за кирија отколку за живеење во стан, во студентските домови има менза каде што можете дополнително да заштедите.

Домовите се место за забава

Мензите и собите, но и ходниците се често место за собирање и забава во домовите. Постојано нешто се случува во домовите, но лесно ќе се приспособите на звуците и едноставно ќе научите да живеете со нив. Затоа, студентскиот дом може да обезбеди доза на мир и забава во исто време.

Ќе научите да живеете со другите

Животот во студентски дом е шанса да научите да живеете со друга личност. Во многу мала соба ќе мора да научите да функционирате со барем уште едно лице. Не е секогаш лесно, но ќе ве научи да го почитувате личниот простор и времето на другите луѓе. Секако, не треба да се плашите бидејќи вашите цимери не се секогаш во собата, па ќе имате моменти само за себе.

Ќе научите да споделувате работи

Студентскиот дом може да биде „училиште на животот“. Ќе научите, на пример, како да поправите некои основни работи, а чистењето ќе ви стане рутина. Покрај тоа, ќе научите да споделувате работи бидејќи во домовите има заеднички кујни и бањи, па ќе сфатите колку е важно да исчистите зад себе.

Студентските домови имаат читалници

Речиси сите студентски домови имаат читалници. Таму може да учите или да избегате од цимерите. Ова се и места за дружење и запознавање.

Извор: Srednja
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование