X
 29.09.2025 Живот

Ова е најдобриот хотел во светот за 2025 година и покажува што значи „неограничен луксуз“

Хотелот „Сикретс акумал ривиера маја ризорт“ располага со околу 400 соби со поглед кон морето, уживање во околу 10 ресторани и барови со медитерански, француски и азиски менија, како и врвни коктели што се служат на плажа. Сепак, вистинскиот луксуз е природата.

Хотелот „Сикретс акумал ривиера маја“ во Мексико е прогласен за најдобар хотел во светот за 2025 година според „Трипадвајзор“, кој му ја додели престижната награда „Избор на патниците“, врз основа на квалитетот и бројот на рецензии, како и оцените на патниците објавени на оваа веб-страница во периодот од 1 јануари до 31 декември 2024 година.

Овој хотел со пет ѕвезди се наоѓа во срцето на ривиера Маја, туристички дел по должината на источниот брег на Јукатан, кој се смета за една од најпосакуваните дестинации на Карибите.

 

Особено е популарен кај нуркачите што доаѓаат во Акумал, што во превод значи „место на желките“, за да пливаат заедно со овие суштества во нивната природна средина. Освен тоа, туристите можат да уживаат во морето полно со шарени корали и живописни риби.

Неограничен луксуз без деца

Хотелот е наменет исклучиво за возрасни, што го прави одличен избор за романтични парови кои сакаат да избегаат од стресното секојдневие.

Тој нуди концепт на „неограничен луксуз“, што значи дека сите погодности се вклучени во цената, која варира во зависност од сезоната.

Гостите имаат на располагање околу 400 соби со поглед на море, три бесконечни базени, џакузи и спа-зона која комбинира третмани од древната мајанска култура и модерни велнес-техники.

Храната се служи во околу 10 ресторани и барови со медитерански, француски и азиски менија, а на плажа може да се ужива во врвни коктели.

Рецензентите на „Трипадвајзор“, кои имаа само позитивни критики за хотелот, велат дека уживале и во туристичките атракции во околината, како што е сликовитиот прашумски парк Актун Чена со подземна река и пештери.



Извор: Nova.rs
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот