X
 29.09.2026 Живот

Зошто милениумците сѐ уште пијат повеќе од другите генерации?

Ново истражување покажува дека генерацијата З пие повеќе отколку што општеството мисли, но милениумците сѐ уште се на првото место.

Компанијата ИВСР (IWSR), глобален лидер во податоци и анализи за пазарот на алкохолни пијалаци, го објави своето полугодишно истражување „Бевтрак“. Тоа ги следи промените во однесувањето на потрошувачите меѓу различните генерации.

Истражувањето покажа дека уделот на припадниците на генерацијата З што консумираат алкохол меѓу полнолетните лица, односно оние родени меѓу 1997 и 2012 година, на 15 клучни пазари пораснал од 66 % во 2023 година на 74 % денес. Тоа е за само 2 процентни поени помалку од моменталниот вкупен удел на возрасната популација која консумира алкохол, кој изнесува 76 %.

Најновите резултати конечно го побиваат тврдењето дека генерацијата З е генерација на умереност, смета Мартен Лодевејкс. Тој е претседател и генерален директор на ИВСР.

- Иако потрошувачите од генерацијата З создаваат нови обрасци на консумирање алкохолни пијалаци, доказите покажуваат дека тие уживаат во алкохолот приближно во иста мера како и остатокот од општеството - вели тој.

Според податоците на ИВСР, милениумците имаат најголем удел на консументи на алкохолни пијалаци меѓу сите генерации – 81 %. Следуваат припадниците на генерацијата X со просечни 77 %.

-Културата на консумирање алкохол беше нормализирана во општеството во времето кога милениумците растеа - вели Саде Стампс. Таа е менаџерка за настани во ресторанот и бар „Старлајт“ во Сан Франциско. Потсетува дека милениумците стануваа полнолетни во период кога културата на коктели, жестоки пијалаци, винските барови и врвното угостителство станаа дел од мејнстрим-културата.

- За милениумците, излегувањето на коктел може да биде исто толку поврзано со барот и атмосферата колку и со самиот пијалак - вели Стампс.

Стампс меѓу гостите во просек гледа милениумци и постари припадници на генерацијата З. Главно од доцните дваесетти до доцните четириесетти години. Разликите, како што забележува, не се нужно во количеството на алкохол што го пијат, туку во нивниот однос кон консумирањето алкохол воопшто.

- Се чини дека на помладите гости им е многу поприродно во текот на вечерта да преминуваат од алкохолни на безпозалкохолни пијалаци и обратно - вели Стампс.

Милениумците влегоа во возрасата доба во време кога консумирањето алкохол беше широко прифатен дел од културата. Генерацијата З стаса во период кога адаптогените, функционалните пијалаци и алтернативите на база на канабис го преплавија пазарот.

Алкохолот повеќе не се подразбира

- За милениумците „ајде на пијалак“ едноставно долго време беше подразбирлив план - вели Кајо Коста, директор на секторот за храна и пијалаци во ресторанот „Лорел Чикаго“. Без разлика дали станува збор за разговор со колега по работа, прв состанок, роденден или обично дружење со пријател – сѐ се одвиваше со пијалак. Генерацијата З ја прекинува таа навика бидејќи има повеќе начини да се дружи и да се опушти без алкохол - вели Коста.

Тоа не значи дека помладите гости не сакаат коктели. - Но, тие не сметаат дека пијалакот е неопходен за да излезат . Изгледа помалку како отфрлање на алкохолот, а повеќе како факт дека алкохолот повеќе не е подразбирлив избор - вели Коста.

Стампс се согласува. Помладите генерации не се откажуваат нужно од ноќниот живот, туку стануваат попромислени во поглед на она што го сакаат. Тоа отвора нова можност за баровите да одговорат на нивните очекувања.

Сѐ уште голем број припадници на генерацијата З чекаат да ја достигнат законската граница за консумирање алкохол. Токму тоа може повеќе да влијае врз статистиката отколку разликите меѓу генерациите.

- Милениумците сега имаат меѓу 29 и 44 години, што е многу поинаква животна фаза од онаа во која се наоѓа некој кој штотуку наполнил 21 година - вели Коста.

Извор: forbes
Фото: magnific

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот