X
 30.01.2020 Живот

Најдобрите афоризми на Фаина Раневскаја: Многумина се жалат на изгледот, а никој на мозокот!

Фаина Раневскаја била советска актерка позната по својата неверојатна смисла за хумор. Многумина ја знаеле иако не погледнале ниту еден нејзин филм. Ја сметале за една од најголемите актерки на 20 век.

Фаина останала запаметена како исклучително паметна жена и извонредна личност.
Ова се некои од нејзините афоризми:

1. Оптимизмот е недостиг на информации.

2. Постојат луѓе што го носат Бог во нив; Постојат луѓе од кои потекнува ѓаволот; a постојат и луѓе каде што не се наоѓа ништо друго освен црв.

3. Имам милион фанови, но немам некој што би отишол во аптека за мене.

4. Осаменоста е состојба за која никој нема што да каже.

1

5. Многумина се жалат на изгледот, никој не се жали на мозокот.

6. Ако некое лице ви направило штета, дајте му бонбони. Тој ти прави зло, ти го засладуваш. Така додека тоа суштество не добие дијабетес.

7. Жената, секако, е попаметна. Дали некогаш сте слушнале за жена што ја изгубила главата по маж со убави нозе?

8. Деменцијата не може да се излекува, но можете да заборавите на неа.

9. Ако жената му каже на мажот дека е најпаметен, тогаш тој треба да разбере дека нема да најде друга таква будала.

10. Животот е премногу краток за да го поминете на диета, алчни мажи и лошо расположение.

11. Глумењето во лош филм е како плукање во вечноста.

12. Добивам писма: „Помогни ми да станам актерка“. Јас одговорам: „Бог ќе ти помогне!“

13. Здравје е кога секој ден ве боли на различно место.

14. Ако пациентот навистина сака да живее, лекарите се немоќни.

15. Подобро е да се биде добра личност што пцуе отколку добро воспитано суштество.

16. Дури и под најубавите пердуви од паун се крие пилешки задник.

17. Најтешката работа пред појадокот е станувањето од кревет.

18. На прашањето која жена е поверна: бринета или русокоса, Фаина без размислување рекла: сивата.

19. Не постојат дебели жени, само тесна гардероба.

20. Талентот е несигурност и вознемирувачко незадоволство од себеси и од сопствените недостатоци, што никогаш не сум го видела кај просечни луѓе.

21. Забележав дека ако не јадете леб, шеќер, месо, не пиете пиво со риба - лицето ви станува помало, но потажно.

22. Само мојот задник го слуша она што ми го велат зад грб!
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот