X
 30.03.2022 Технологија

Се враќаат старите телефони - расте нивната продажба

Тинејџерката Робин Вест од Лондон се разликува од врсниците бидејќи нема паметен телефон. Таа не е зависна од „Инстаграм“ и „Тик-ток“ и користи стар телефон каков што имавме сите пред повеќе од 15 години. Вест одлучила да се откаже од паметниот телефон пред две години, а сегашниот телефон ја чинел само 8 фунти.

- Додека не купив телефон-цигла, немав сфатено колку паметниот телефон ми го одземал животот. Имав многу апликации за социјални мрежи и не ги завршував обврските бидејќи секогаш бев на мојот телефон - изјавила Вест за Би-би-си.

Според неа, веројатно никогаш повеќе нема да купи паметен телефон бидејќи сега е многу поактивна и не се чувствува ограничена.


Фото: Pixabay

Податоците покажуваат дека старите телефони се враќаат. Пребарувањата на „Гугл“ за нив пораснале за 89 отсто од 2018 до 2021 година.

Според еден извештај, минатата година се продале речиси една милијарда стари телефони, што е повеќе од 400 милиони во 2019 година. За споредба, минатата година во светот се продале 1,4 милијарда паметни телефони.

Според анкета во Обединетото Кралство, еден во 10 корисници на мобилен телефон има стар телефон.

Извор: BBC
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија