X
 30.05.2018 Наука

Можете ли да ги одговорите прашањата со кои американската влада ја тестира јавноста

На секои две години американската Националната фондација за наука (НСФ) треба да му каже на претседателот како САД напредуваат на полето на науката и инженерството.

Американците сѐ повеќе се заинтересирани за прашања за животната средина, велат од НСФ во својот најнов извештај со наслов „Индикатори за наука и инженеринг 2018“, и во однос на претходните години, тие изразуваат поголема загриженост за климатските промени и улогата на човештвото во нив. Тие, исто така, им веруваат на научниците повеќе отколку на која било друга институција, освен на војската.

Но, САД заостануваат зад десетици земји во стапката на доделување дипломи и напредни дипломи во науката, технологијата, математиката или инженерството. Американската јавност, исто така, не се подобрува во одговарањето на 10 едноставни прашања што НСФ ги поставува за да тестира колку јавноста ја разбира науката.

Погледнете ги прашањата што НСФ ги постави за најновиот извештај и видете на колку од нив можете да дадете точни одговори.

1: Центарот на Земјата е многу жежок. Точно или неточно?

Одговорот е:

Точно. Научниците проценуваат дека јадрото на Земјата е со температура од повеќе од 10.000 Фаренхајтови степени - речиси иста температура како онаа на површината на Сонцето.

Тука можете да го видите процентот на точните одговори според земја:


Фото: Business Insider

2: Точно или неточно? Континентите ја менуваат својата локација во текот на милиони години и ќе продолжат да го прават тоа.

Одговорот е:

Точно. Тектоника на плочите е теорија која го објаснува поместувањето на Земјината кора. Според Пацифичката северозападна сеизмичка мрежа, повеќето континенти се поместуваат помалку од два инчи годишно.

Тука можете да го видите процентот на точните одговори според земја:


Фото: Business Insider

3: Што е точно?

а) Земјата се врти околу Сонцето,

б) Сонцето се врти околу Земјата.

Точниот одговор е под А. Знаеме дека ова е вистина бидејќи можеме да видиме дека позицијата на ѕвездите се менува со текот на времето.

Тука можете да го видите процентот на точните одговори според земја:


Фото: Business Insider

4: Точно или неточно: Целата радиоактивност е дело на човекот?

Одговорот е:

Неточно. Природната радијација е насекаде, особено во вселената. Мал процент е во почвата, водата и во вегетацијата. Дури и дел од калиумот најден во бананите е радиоактивен.

Тука можете да го видите процентот на точните одговори според земја:

Фото: Business Insider

5: Електроните се помали од атомите. Точно или неточно?

Одговорот е:

Точно. Електроните се многу помали од протоните и неутроните кои го сочинуваат јадрото на атомот.

Тука можете да го видите процентот на точните одговори според земја:

Фото: Business Insider

6: Ласерите работат со фокусирање на звучните бранови. Точно или неточно?

Одговорот е:

Неточно. Ласерите ги концентрираат светлосните, а не звучните бранови.

Тука можете да го видите процентот на точните одговори според земја:

Фото: Business Insider

7: Универзумот настанал со голема експлозија. Точно или неточно?

Одговорот е:

Точно. Ова е најдобрата теорија што ја имаме за тоа како настанал универзумот: точка на бескрајна густина на почетокот на универзумот почнала да се шири и ги создала галаксиите, планетите и ѕвездите што ги гледаме денес. Луѓето ова го нарекуваат „Големата експлозија“ иако тоа технички не е експлозија.

Тука можете да го видите процентот на точните одговори според земја:


Фото: Business Insider

8: Гените од таткото одлучуваат дали бебето ќе биде машко или женско. Точно или неточно?

Одговорот е:

Точно. Полот се одредува од два хромозома и едниот од нив се наоѓа во сперматозоидот: или е Х или е Y. Кој прв ќе стаса до јајце-клетката за да му се придружи на Х-хромозомот кај мајката, го одредува полот на бебето. (ХХ е девојче, а XY е машко.)

Тука можете да го видите процентот на точните одговори според земја:


Фото: Business Insider

9: Антибиотиците ги убиваат вирусите еднакво добро како и бактериите. Точно или неточно?

Одговорот е:

Неточно. Антибиотиците ги убиваат само бактериите, не и вирусите.

Тука можете да го видите процентот на точните одговори според земја:

Фото: Business Insider


10: Луѓето, какви што се денес, се развиле од претходни видови животни. Точно или неточно?


Одговорот е:

Точно. Фосилите во земјата, проучувањата на генетиката и други истражувања од минатиот век покажаа дека еволуцијата не само што довела до појава на луѓето, туку и ќе продолжи да ги обликува формите на нашите потомци.

Тука можете да го видите процентот на точните одговори според земја:

Фото: Business Insider

Според сите одговори, рангирањето на земјите од најдобра до најлоша би било: Канада, Израел, ЕУ, Јужна Кореја, САД, Швајцарија, Јапонија, Малезија, Индија, Кина и Русија.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука