X
 30.05.2021 Живот

Зошто не ни се допаѓа звукот на сопствениот глас?

Веројатно секој бил негативно изненаден кога првпат го слушнал својот глас. Ова може да се објасни со помош на физиологијата и психологијата.

Нил Бат, професор на Универзитетот на Вашингтон и лекар, пишува за „Конверзејшн“ дека мозокот различно го прима звукот од нашиот снимен глас отколку звукот што го слушаме додека зборуваме.

Кога слушате снимка од вашиот глас, звукот патува низ воздухот до вашите уши, а потоа се пренесува до мозокот. Кога зборувате, звукот од вашиот глас стигнува до внатрешното уво преку черепните коски и она што го слушате е комбинација од внатрешна и надворешна спроводливост. Внатрешната спроводливост ги зајакнува пониските фреквенции, па затоа луѓето најчесто мислат дека нивниот глас е подлабок, а снимениот глас им звучи пописклив.


Фото: Pixabay

Постои и друга причина зошто слушањето снимка од вашиот глас може да биде непријатно. Тоа е нов глас за вас кој ви ја покажува разликата помеѓу вашата перцепција и реалноста, што може да предизвика негативно чувство. Одеднаш сфаќате што слушаат сите други луѓе додека зборувате.

Тоа не мора да биде затоа што снимката од гласот звучи полошо, туку едноставно сте навикнати да се слушате себеси на поинаков начин.

Автор: Нил Бат
Извор: theconversation.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот