X
 30.07.2023 Живот

Кои филмови сака да ги гледа познатиот режисер Кристофер Нолан?

Кристофер Нолан е еден од најпознатите режисери на денешницата, неговите филмови често добиваат престижни награди, но тоа не го спречува да прави и блокбастери со голем буџет за мејнстрим-публиката.

Според критичарот Џордан Руими, има нешто во тоа што големите режисери се импресионирани од просечноста. На пример, Пол Томас Андерсон, режисер на филмот „Ќе има крв“, сака да ги гледа „Веном 2“ и „Шанг Чи“.

Во неодамнешно интервју, Нолан признава дека сака да ја гледа романтичната комедија „Всушност, љубов“, а ја сака и франшизата „Брзи и бесни“. Емили Блант, ѕвездата на „Опенхајмер“, последниот филм на Нолан, потврди дека режисерот има еклектичен вкус, но дека никогаш не критикува туѓи филмови.

Љубовта на Нолан кон мејнстрим-филмовите и претходно ги импресионира неговите колеги. Ен Хатевеј, која ја глумеше жената-мачка во филмот на Нолан од 2012 година, „Бетмен: Темниот витез се враќа“, вели дека режисерот постојано ја цитирал комедијата „Макгрубер“ за време на снимањето.

Нолан претходно изјави дека го сака филмот „Брзи и бесни 3“, а пред десет години го пофали филмот „Човек од челик“ на Зак Снајдер.

- Верувам дека она што го направи Зак во „Човек од челик“ ќе го дефинира Супермен на нашето време - изјави Нолан.

Извор: Index.hr
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот