X
 15.06.2023 Забава

Може да ја имате работата на Енди Сакс од „Ѓаволот носи Прада“

Подгответе се, главниот уредник на модното списание „Вог“, Ана Винтур, бара нов асистент.

Според оглас објавен на веб-страницата „Конде Наст“, асистентот бил му помагал на главниот уредник на американскиот „Вог“ и одговорното лице за содржина на глобално ниво, односно се однесува на Винтур. Платата ќе биде од 60.000 до 80.000 долари годишно. Во одговорностите на асистентот се вклучени менаџмент на настани, повици и електронска пошта, како и помош со состаноци.

Според претходни сведочења на поранешни асистенти на Винтур, работата воопшто не е лесна и од асистентот се бара да не ја напушта работната маса во ниедно време доколку во близина нема друг асистент. Поранешна асистентка на Винтур изјавила дека работата била толку напорна, што некогаш лежела на подот во канцеларијата додека Винтур била на ручек. Освен тоа, од асистентите наводно се бара и да изгледаат добро.

Меѓутоа, поранешната асистентка Мередит Асплунд открила дека овие правила не биле поставени од Винтур, туку биле наметнати од претходните генерации асистенти.

Можно влијание на очекувањата за оваа работна позиција има филмот „Ѓаволот носи Прада“, во кој Ен Хатавеј ја толкува улогата на Енди Сакс, исцрпената асистентка на Миранда Присли, главна уредничка на модно списание. Во филмот, Мерил Стрип ја игра Присли, која е студена главна уредничка која бара невозможни задачи и целосна посветеност на работата од своите асистенти.


Извор: Insider
Насловна фотографија: Youtube (printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава