Што се однесува до американската Академија за филмски уметности и науки, „Медена земја“ е нешто врвно.
Борбата на македонската пчеларка да го задржи одржувањето на античкиот начин на живот собра три награди од жирито на филмскиот фестивал „Санденс“ во 2019 година. Сега е прв кандидат што има двојна оскаровска номинација за најдобар документарец и најдобар странски филм.
„Медена земја“ успева поради елементите што традиционално ги почитува секоја категорија. Документарците за природата се атрактивни за Академијата уште од 1948 година кога „Островот на фоките“ во продукција на „Дизни“ освои „Оскар“, исто како „Маршот на пингвините“, кој во 2006 година доби „Оскар“ за најдобар документарец.
„Медена земја“ ја прикажува битката помеѓу животот и смртта меѓу ривалските пчелари предизвикувајќи катастрофа за хероината Атиџе Муратова.
Пофален од Гај Лоџ на „Варајети“, „Медена земја“ го прикажува судирот меѓу Атиџе и турските доселеници чија сиромаштија ја уништува рамнотежата.
Фото: NEON
Не е чудо што оваа горчлива човечка приказна, со силна геополитичка резонанца и визуелна неверојатност, ѝ е привлечна на Академијата. Дополнително привлекува тоа што режисерите Тамара Котевска и Љубомир Стефанов ја раскажуваат својата луцидна приказна без нарација и текст - имате редок филм што е силен противкандидат во која било категорија и која било година.
Џон Бурлингејм
„Војна на ѕвездите: Издигнувањето на Скајвокер“ му овозможи рекорд на Вилијамс
На 87-годишна возраст, Џон Вилијамс е најстариот композитор што некогаш бил номиниран за „Оскар“ за оригинална музика.
Но, тоа не е вистинското изненадување. Вилијамс исто така го држи рекордот за најмногу номинации на една личност: вкупно 52, почнувајќи со „Долина на куклите“ во 1967 и моменталната номинација за овој филм.
Во текот на девет филма и 42 години, холивудскиот маестро има напишано повеќе од 20 часа музика за франшизата „Војна на ѕвездите“, некои од најпознатите незаборавни симфонии во историјата на филмовите.
Вилијамс веќе има пет „Оскари“, вклучувајќи го и тој од 1977 година за „Војна на ѕвездите“ и „И-ти“. Тој е меѓу најпочитуваните композитори во американските филмови.
- Невозможно е да се опише влијанието што тој го имал врз филмовите. Ако некој друг се обиде да го направи она што тој го направил, не знам дали ќе зборувавме денес за „Војна на ѕвездите“. Џон Вилијамс е одговорен за она што „Војна на ѕвездите“ претставува денес - изјави режисерот Џефри Џејкоб Абрамс.
Џон Бурлингејм
„Џокер“ може да освои сè
Иако го освои „Златниот лав“ на филмскиот фестивал во Венеција и оствари милијарда долари во киноблагајните, „Џокер“ на Тод Филипс е исто така спин оф на стриповите, направен од режисер најпознат по комедии што заработиле многу пари, како „Мамурлак“. Со други зборови, и не баш добра мамка за „Оскар“. Но, филмот заработи 11 номинации и е најдобар кандидат меѓу „Ирецот“, „Си беше еднаш во Холивуд“ и „1917“.
Насилната приказна пристигна со голема контроверзија и доби различни рецензии - перверзен, ужасен урбан-кошмар“, „празен филм со второстепен стил“ итн. Но, Хоакин Феникс е оној што води и што донесе неверојатна изведба.
Иако Хит Леџер доби постхумен „Оскар“ за неговата улога како Џокер во фалениот „Темниот витез“, филмот беше занемарен за номинација за најдобар филм.
Минатата година „Црниот пантер“ ја освои наградата за најдобар филм, а ако „Џокер“ победи во оваа категорија, тоа ќе биде првиот филм врз основа на стрип што ќе го направи тоа, сигнализирајќи ја зголемената подготвеност на Академијата за суперхерои.
Џејмс Линхард
Кампањите на „Нетфликс“ се исплатија
Минатата година „Нетфликс“ дебитира во категоријата најдобар филм со „Рома“ на Алфонсо Куарон. Оваа година „Нетфликс“ заработи 24 номинации за „Оскар“.
Најголеми шанси има „Ирецот“ на Скорсезе, кој заработи 10 номинации, но и „Брачна приказна“, со шест номинации. Драмата „Двајцата папи“ заработи три номинации, вклучувајќи ја и таа на Џонатан Прајс, во категоријата најдобар актер во главна улога. „Нетфликс“ на сите три филма им даде ограничено издание во кината пред да дебитира на неговиот стриминг-сервис.
Можеби „Нетфликс“ ќе имаше уште повеќе номинации ако не беше изоставен филмот „Долемајт е моето име“ со Еди Марфи.
Сервисот има и два филма што се натпреваруваат во најдобар анимиран филм, „Клаус“ и „Го изгубив моето тело“ и во категоријата за најдобар документарец - „Американска фабрика“ и „Работ на демократијата“.
Но, не е време за славење. На доделувањето „Златен глобус“ минатиот месец од 34 номинации на „Нетфликс“, имаше само две победи, а „Ирецот“ не доби ниту една награда.
Иако „Рома“ минатата година ја освои
наградата за најдобар режисер, „Нетфликс“ сè уште нема победено во категоријата најдобар филм.
Џејмс Линхард