X
 05.06.2022 Технологија

Веб-страница ви помага да го најдете филмот на чиј наслов не можете да се сетите

Доколку не се сеќавате на името на одреден филм, а знаете детали за него, треба да знаете дека има место на интернет на кое ќе стигнете и до насловот што го барате. Станува збор за веб-страницата „Ват ис мај мови“ (англ. What is my movie).

Веб-страницата функционира како „Гугл“ за филмови на чии наслови не може да се сетите. Во пребарувачот треба да напишете детали за филмот, како жанр, период на излегување и некои карактеристики за филмот, а веб-страницата ќе ви го пронајде насловот.

Може да напишете и прашања, како „Во кој филм игра Марк Рафало со Риз Видерспун“ и ќе го добиете филмот што го барате.

Веб-страницата била направена од технолошката компанија „Вај“ и користи податоци од платформи за видеа и вештачка интелигенција за дефинирање карактеристики за филмовите.

Извор: Mental floss
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија