X
 30.07.2023 Наука

Најсончевото место на Земјата е изложено на радијација како Венера

Алтиплано, сув предел во близина на Андите во пустината Атакама во Чиле, е прогласен за најсончево место на Земјата. Се проценува дека на ова место има ист интензитет на сончева светлина како на планетата Венера, според неодамнешен труд.

Алтиплано се наоѓа на височина од околу 4.000 метри, а таму речиси нема облаци и има ниски нивоа на озон, аеросоли и водена пареа. Поради овие и други фактори, на местото има многу повеќе сончева светлина отколку на локации кои се поблиску до екваторот или на поголеми височини.

Објаснувајќи го овој феномен, Сеиџи Като, атмосферски научник во НАСА кој не бил вклучен во пишувањето на трудот, објаснил дека локациите кои се наоѓаат на висока надморска височина, над слојот на водена пареа, и со помалку облаци и аеросоли неизбежно добиваат повеќе сонце.

Во трудот се покажува дека во период од пет години, регионот бил најмногу изложен на сончева светлина во светот, просечно 308 вати на квадратен метар. Освен тоа, сончевата светлина таму станува неверојатно интензивна за време на распаѓање на облаците.

Радијацијата која би ја добиле стоејќи во овој регион во текот на летото е истата која би ја добиле доколку стоите на Венера, според Раул Кордеро, главен автор на трудот.

Извор: Interesting engineering
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука