X
 30.08.2020 Култура

Сцени што остануваат во вашето сеќавање: Филмови што можете да ги гледате само еднаш

Филмовите можат да остават огромен впечаток врз публиката. Може да предизвикаат толку емоции и толку да ја ангажираат својата публика, што ќе предизвикаат да размислувате за нивните теми или сцени денови откако ќе ги изгледате.

Некои одлични филмови оставаат толку длабок впечаток врз публиката, што повеќето од нив ги гледаат само еднаш затоа што се емотивно исцрпувачки, се занимаваат со болна тематика или се премногу насилни.

Без оглед на причината, еднаш е доволно за овие одлични и неверојатно моќни филмови.

„Ова е Англија“

Шејн Медоус е мајстор за бурни, сложени и фасцинантни британски драми. „Ова е Англија“ се смета за негово најдобро дело, а од него се создадени и две одлични мини-серии (што исто така треба да ги гледате само еднаш). Дејствието на филмот е во 1983 година и следи група на скинхеди, британска субкултура присвоена од белите националисти. Групата го зема 12-годишниот Шон под своја заштита, а тој набрзо станува член на нивната банда.



„Среќа“

Нека не ве лаже насловот. „Среќа“ е развратно и трауматично остварување. Режисерот Тод Солонџ е познат по својата мачна сатира, што содржи хумор за кој многумина сметаат дека е премногу вознемирувачки. „Среќа“ ги истражува животите на три сестри и нивните семејства, кои се борат и се обидуваат да ја најдат својата среќа.



„Кучиња од слама“

Овој култен класик бил доста контроверзен, главно поради сексуалното насилство. Филмот ја премостува линијата помеѓу жанровите домашна инвазија, психолошки трилер и одмазднички филм. Дејствието го следи младиот брачен пар кој го реновира својот имот во мал град. Мажите ангажирани да работат на куќата, вклучувајќи го и поранешното момче на Ејми, почнуваат да го исмеваат нејзиниот маж Дејвид, а како што филмот тече, приказната станува понапната и поболна за гледање.



„Скапоцена“

Филмот е адаптација на романот „Сафир“ од 2009 година. Џофри Флечер зеде „Оскар“ за најдобро адаптирано сценарио, а приказната во филмот ја следи 16-годишната Прешес која живее во Харлем, чии родители ја малтретираат и физички и психички.



„Маченици“

Филмот е еден од најпровокативните наслови во кинематографијата. Режисерот Паскал Логиер создал извонредна приказна доколку сте во состојба да седите и да гледате 99 минути вознемирувачки сцени на мачење и загрижувачки теми. Дејствието следи жена која тргнува во одмазда на сите оние кои ја мачеле кога била дете, а причината за тоа мачење и понатаму е една од најзастрашувачките пресврти во историјата на филмот.



„Реквием за еден сон“


Нема да најдете подобра порака против наркоманијата од оваа психолошка драма од 2000 година. Во филмот глумат Елен Барстин, Џаред Лето, Џенифер Конел и Марлон Вајанс кои глумат зависници кои постепено им подлегнуваат на своите зависности. Не само што приказната е вознемирувачка, туку и начинот на кој филмот е снимен, носи нервоза и непријатност.



Извор: B92.net
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура