Обработената и пакувана храна не е најдобриот избор што секојдневно се прави и ова е популарна тема меѓу научниците. Еден тим истражувачи се обиделе да пронајдат која храна создава најмногу зависност и резултатите од студијата можеби ќе ве изненадат.
„Сметаме дека многу обработената храна има фармакогени својства како кај зависноста од дроги поради додатокот на масти или рафинирани јаглехидрати и поради брзината со која тие јаглехидрати се апсорбираат во системот,“ вели д-р Ешли Герхард од Универзитетот во Мичиген.
Зависноста ја идентификувале како губење на контрола во консумацијата, континуирана употреба и покрај негативните последици и неспособност да се престане со јадење на одреден производ и покрај желбата. 120 студенти на универзитетот потполниле скала за зависност од храна за да се утврди состојката. Потоа биле презентирани фотографии од 35 видови производи претставени во пар, а учесниците одлучувале кој продукт би можел да предизвика зависност од консумирање. Најизбирани биле производите со масти и јаглехидрати, а и за пијалоците со поголем процент на алкохол учесниците сметале дека создаваат повеќе зависност. Дополнителни 384 учесници биле испрашани онлајн, каде пицата била на прво место, а чоколадото и чипсот го делеле второто. Меѓу првите производи на листата се нашле и други што содржат многи шеќери, масти или и тоа и тоа, а последни биле краставицата, морковот и гравот.
Студијата ги вклучила газираните сокови и водата за рангирање, но кафето не било меѓу производите. Можеби во некоја следна студија што ќе го земе предвид, кафето ќе го освои првото место.