Во моменти на интензивни емоции реакцијата може да биде одбранбена или импулсивна, што често го отежнува јасното размислување и контролирањето на сопствените постапки. Изразувањето гнев може да предизвика другата личност да се чувствува загрозена, фрустрирана или несигурна, што го отежнува одржувањето на мирот.
Експерт за комуникации и адвокат
За среќа, еден експерт објаснил како најдобро да одговорите кога некој ќе почне да ви вика и споделил совети за смирување на расправиите.
Советот го споделил на социјалните медиуми, а се работи за Џеферсон Фишер, адвокат, експерт за комуникации и водител на поткастот „Џеферсон Фишер“. Тој е и автор на книга и редовно споделува совети на „Тик-ток“, каде што има 1,4 милиони следбеници.
Стишете го гласот и зборувајте побавно
- Прво, наместо да го кревате гласот и да речете нешто како „не викај ми“, мирно кажете ја фразата: „Не одговарам на таа јачина на глас“. Тоа им дава до знаење дека ја преминале вашата граница и испраќа порака дека не дозволувате луѓето да ви зборуваат на тој начин - објаснил Фишер.
Како уште еден совет, тој предлага да го кажете тоа со понизок тон отколку што би го кажале вообичаено и малку да го спуштите гласот.
- Тоа ве смирува. Ќе предизвика луѓето што ви викаат да мислат дека се помалку контролирани, па автоматски ќе го спуштат гласот за да ви одговараат. Трето, колку побавно зборувате, толку посигурно звучите. Еден трик е да додадете паузи околу глаголите - советува адвокатот.
Извор: n1info.hr
Фото: Freepik