X
 30.09.2025 Образование

Нова патека со УКЛО колорс џуниорс - од основно училиште кон академска извонредност

Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола поставува нови стандарди во пристапот кон идентификацијата и развојот на талентирани ученици, ставајќи посебен акцент на поврзувањето со основните и средните училишта како суштинска нова вредност во академскиот екосистем. Овој нов момент е израз на стремежот кон рана идентификација на индивидуалните потенцијали и нивно системско негување – од најмлада возраст, преку соработка со стручни служби, психолози и педагози во училиштата, до академско менторство на УКЛО.

Преку програмата УКЛО КОЛОРС ЏУНИОРС, Универзитетот го унапредува концептот за работа со надарени и талентирани, претворајќи го во целосен систем кој започнува уште во основниот образовен процес. Новата насока беше потврдена со работната средба на 24.9.2025 година, во СИЦ/Co Space центарот на УКЛО, каде што стручни лица од неколку основни училишта веќе активно учествуваат во креирање индивидуални образовни програми за извонредност, поддржани од Македонската асоцијација за надарени и талентирани.

Овој пристап е логично продолжение на многубројни успешни активности реализирани низ годините, како дел од визијата на УКЛО за развој на академска заедница која го препознава и поттикнува талентот како клучна општествена вредност.

1

Меѓу нив особено се истакнуваат: учеството и придонесот на ученици и наставници од основни и средни училишта на саемот ПОГОН, радиоемисиите, интервјуата и креативните најави на КОЛОРС Џуниорс со ректорите и учесниците во заедничките конференции, репортажите од студентите од Модел на Обединети нации, националната кампања „Корени и крилја“, како и многу други форми на вклучување што ја зајакнуваат врската помеѓу образовните нивоа.

Проф. д-р Јасмина Буневска Талевска, проректорка за студентски прашања и раководител на Работен пакет 6 на УКЛО КОЛОРС, истакнува дека Универзитетот продолжува со организиран процес на препознавање, идентификација, поддршка и следење на развојот на талентирани ученици и студенти, во партнерство со психолозите, педагозите и наставниците од основните училишта.

Во оваа амбициозна рамка, иницијативата УКЛО КОЛОРС ЏУНИОРС игра клучна улога. Проф. д-р Рената Петревска Нечкоска, академската раководителка на УКЛО КОЛОРС, потенцира дека оваа програма инспирира и ја артикулира визијата на УКЛО за континуирана поддршка и развој на талентот – уште од најрана возраст.

Истовремено, низ Алијансата на КОЛОРС партнери започнува нов процес на транзиција од училиште кон универзитет, преку заеднички пристап со училишта од земјите членки чија цел е да резултира со препораки до креаторите на образовни политики за структурен пристап во поддршката на талентираните.
На средбата беа донесени неколку клучни заклучоци за акциско започнување на процесот во основните училишта: посета на училиштата и координација со стручните тимови, подготовка на пилот-активности и акциски план, идентификација на талентирани ученици во одделенска и предметна настава, вклучување на студенти од УКЛО како ментори на новоидентификуваните таленти, присуство на иницијативата на онлајн платформите, вклучувајќи го Moodle порталот, меѓуинституционална соработка и вмрежување со партнерски установи од Алијансата КОЛОРС.

Операционализацијата на активностите под работен наслов: „Јас имам талент и сум дел од УКЛО КОЛОРС ЏУНИОРС“ започнува наскоро, со поширок опфат и засилена динамика. Целта е градење силна заедница на млади таленти и нивни ментори, која ќе ја унапреди националната образовна сцена и ќе го постави УКЛО како двигател на академска извонредност – почнувајќи од најмладите.

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование