X
 30.11.2023 Култура

Излезе официјален трејлер за „Берлин“, спиноф-серија на „Куќа од хартија“

„Нетфликс“ го објави официјалниот трејлер за серијата „Берлин“, чија приказна ѝ претходи на онаа во популарната серија „Куќа од хартија“. Обожавателите на познатата шпанска серија наскоро ќе може да уживаат во новата серија за еден од главните ликови, Берлин, кој го толкува Педро Алонсо.

Во оригиналната серија веќе видовме колкав е неговиот талент за планирање кражби, но во новата серија тој изведува кражба во Париз.

Во трејлерот се појавуваат и ликови од оригиналната серија - двете детективки Алисија Сиера и Ракел Муриљо. Тие се повикани од Шпанија да ја спречат кражбата.

„Берлин“ ќе пристигне на „Нетфликс“ на 29 декември.


Извор: Klix
Насловна фотографија: Youtube (printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура