X
 31.01.2023 Забава

Објавена мапа со најлошите градови во секоја држава во Европа: Кој е најлош град во Македонија?

На еден тик-ток профил кој често објавува мапи од Европа со необични податоци објавено е видео на кое се прикажани најлошите градови во секоја земја.

Мапата што се појави на профилот „Map of Geography“ собра милион прегледи, но и предизвика многу расправии затоа што прикажува градови кои се карактеризирани како најлоши во секоја држава.

Мапата предизвика многу коментари, главно негативни, а на многумина не им е јасно врз основа на што се избрани некои градови на оваа мапа.

- Нема шанса Варна да е најлош град во Бугарија - пишува еден интернет-корисник, а друг се надоврзува дека Франкфурт всушност е најдобар град во Германија.

Она што е интересно е дека никаде не е објаснето врз основа на што е направена оваа мапа, а многумина коментираа дека на Белград и Лисабон местото не им е на оваа листа.

Кога станува збор за нашата земја, за најлош град е избран Тетово, додека во Хрватска е избран Ѓаково, во Србија Белград, а во Словенија Целје.

@mapofgeography The worst city in each European country #foryou #fyp #europe #geography #maps ♬ original sound - MapOfGeography
Извор: b92.net
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава