X
 31.03.2020 Култура

Веб-страница нуди онлајн-учење на предмети од „Хогвартс“

Луѓето го поминуваат слободното време на различни начини, а во време кога сите сме охрабрени да останеме дома, се чини дека креативноста на некои поединци расте. Додека некои учат да свират укулеле или да готват, што велите за запишување на предмет на „Хогвартс“?


Фото: Pixabay

Станува збор за училиштето од книгите и филмовите за малиот магионичар Хари Потер. Обожавателите на оваа франшиза сега може да следат онлајн-предмети од ова училиште.

Хогвартс ис хир“ е онлајн-мрежа на обожаватели на Хари Потер која постои од 2014 година. На мрежата се нудат предмети како астрономија, историја на магијата, одбрана од мрачните сили, магични напивки итн. Секој од предметите има девет лекции и од учениците се бара пишување есеи, читање и полагање тестови.


Фото: Pixabay

На мрежата може и да се играат игри, а има и заедничка виртуелна соба во која може да се дружите со други фанови.

Извор: purewow.com 
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура