X
 31.03.2021 Живот

ЈСП: Од утре сите студенти треба да поседуваат уредно продолжен билет за бесплатен превоз за 2021 година

Од утре сите студенти што ги исполнуваат условите за користење годишен студентски билет за бесплатен јавен превоз треба да поседуваат уредно заверен/продолжен билет за 2021 година, во спротивно, во случај на линиска контрола, ќе им биде издаден записник (казна), соопштија од Јавното сообраќајно претпријатие - Скопје.

Оттаму додаваат дека во замена за билет не се признаваат индекс, потврда за студент и слично.

- ЈСП Скопје, поради актуелната ситуација со Ковид-19, им излезе во пресрет на студентите и нивните матични факултети и овозможи речиси 5 месеци за продолжување на билетот. Во два наврати рокот беше продолжен, наместо до 31 декември, тој се продолжи до 28 февруари, односно до 31 март - велат од ЈСП.

Денеска истекува рокот за продолжување на важноста на посочениот вид билет.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот