Веројатно ви се има случено да влезете во автомобилот, да го запалите, а моторот да не реагира. Акумулаторот е празен. Причината? Оставена вклучена светилка, радио или нешто друго што продолжило да троши струја. Откако ќе успеете да го запалите возилото со помош на кабли и ќе му дадете нов живот на акумулаторот, се поставува логичното прашање: колку долго треба да се возите за да се наполни акумулаторот доволно за повторно стартување?
Според германскиот автоклуб АДАК, одговорот зависи од повеќе фактори, како што се староста на акумулаторот, неговите перформанси и надворешната температура. Токму затоа не може да се даде точна бројка во километри или минути.
Сепак, постои општа препорака: возете најмалку 30 минути, а во полоши временски услови и до еден час. Во тој период не гасете го моторот. Доволно е да возите со нормално темпо, без непотребно зголемување на бројот на вртежи. Моторот ќе си ја заврши работата и без дополнителен притисок.
Со оваа практика акумулаторот ќе добие доволно енергија за повторно стартување, а вие ќе си заштедите нерви и евентуални трошоци за нов.
Извор:
Jutarnji.hr
Фото: Freepik