X
 10.09.2017 Технологија

Методи за полнење на мобилниот и кога нема струја

Многу пати остануваме без струја во моментот кога најмногу ни е потребна и кога батеријата од телефонот целосно се испразнила. За среќа, постои решение. 

Вашиот мобилен телефон секогаш полнете го со оригинален полнач, но ако се најдете во криза, можете да ги пробате следните методи:

Резервна батерија



Ова е најлесниот и најефикасниот начин за полнење на мобилниот телефон без полнач. Резервните батерии можете да ги наполните претходно кога имате струја, а потоа да ги употребите доколку нема струја.

Соларни панели и полначи



Благодарение на овој мал уред, можете да го наполните телефонот со помош на соларна енергија. Едноставно насочете ги панелите кон сонцето за прво да го наполните самиот уред, а потоа да го наполните и телефонот.

Рачен лост



Овој уред е најсоодветен начин за енергија на вашиот телефон. Повеќето лостови се со речиси иста големина колку паметниот телефон и имаат рачка која се повлекува за да го наполните телефонот. Полнењето на телефонот на овој начин бара многу работа - поточно три часа.

Воздушна турбина




Двајца електричари го дизајнирале првиот преносен полнач што на сопствениците им овозможува да ги полнат мобилните со помош на ветер. Уредот се поставува така што се извлекуваат алуминиумските ножеви и се рашируваат на рамна површина во вид на триносач.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија