X
 13.07.2020 Живот

Нови правила во јапонските забавни паркови - нема врескање при возењето на лудата железница

Од сите нови регулативи и протоколи што се спроведуваат за да се спречи ширењето на Ковид-19, како што светот повторно се отвора, една мерка издадена од јапонските оператори на забавни паркови може да се покаже како прилично тешка за имплементирање.

Асоцијацијата на забавни паркови во Источна и Западна Јапонија има речиси 30 оператори на забавни паркови низ целата земја. Големите забавни паркови во Јапонија беа затворени во февруари, но како што земјата полека се отвора, асоцијацијата објави серија упатства за да се овозможи безбедно отворање.

Упатствата за спречување на ширењето на вирусот се дека гостите што се возат на лудите железници и други слични атракции треба да носат маски, но и да се воздржат од врескање во текот на возењето.

Се прашувате како е тоа возможно? Забавниот парк „Фуџи-Кју Хајленд“ објави видео на кое покажува дека тоа може да се направи. Спотот прикажува двајца мажи со маски кои се возат на луда железница и се воздржуваат од врескање.



Секако, постојат и други мерки, како постојано чистење, редовна проверка на телесната температура и социјално дистанцирање. Ако вработените не можат да носат маски поради природата на нивната работа, се препорачува дистанца од минимум еден метар. Исто така, се препорачува разговорите да бидат што е можно пократки и почесто да се користат гестикулации со рацете за комуникација со посетителите.

Извор: Lonely Planet
Фото: Pixabay
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот