X
 31.07.2022 Живот

Возбудлива летна работа каде што е најважно поштата да не заврши во вода

Веројатно знаете дека американските тинејџери уште од мали заработуваат џепарлак со доставување пошта. Обично оваа работа ја извршуваат со помош на велосипед, а поштата ја фрлаат на прагот од домовите на луѓето.

Оваа сцена често ја гледаме во филмовите. Но, младите поштари од Висконсин имаат работа која во најмала рака е интригантна.

Околу Женевското Езеро нема улици во округот Валворх, па на жителите поштата им се доставува со брод. „Пошта со скокање“ вклучува скокање од брод до брегот за да се достави поштата до поштенските сандачиња лоцирани покрај езерото.


Оваа работа не би била толку тешка кога бродот би застанал и би го почекал младиот поштар. Но, поштарот мора да скокне од бродот до брегот, да ја достави поштата и брзо да се врати до бродот, во спротивно ќе го пропушти и ќе остане на брегот до пристигнувањето на новата пратка. Оваа интересна и често важна летна работа е една од најпосакуваните во тие области.

Не е лесно да се добие работата бидејќи работодавецот прифаќа само четворица мотивирани, вредни и атлетски градени студенти или средношколци кои добро ја познаваат историјата на своето место. Ако ја добијат работата, нивната улога станува двојна - цело лето работат како поштари и како туристички водичи.

- Скокачите треба да покажат 50 отсто физичка кондиција, 50 отсто ентузијазам и 50 отсто познавање на местото. Така што младите момчиња и девојки мора да дадат 150 отсто од себеси за да ја работат оваа работа - вели Нил Фрејм, капетан на поштенскиот брод.

Оваа година се одбележува 105-годишнината од испораката на американска пошта со брод на Женевското Езеро, а овие млади скокачи се одговорни за одржување на оваа интересна традиција во живот.



Извор: 24sedam.rs
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот