X
 31.10.2018 Технологија

Издание од 90-тите: Како изгледа „Виндоус 10“ во руво од 95/98?

Актуелниот „Виндоус 10“ е оперативен систем за кој корисниците имаат голем број критики и замерки. Од друга страна, експертите истакнуваат дека и покрај проблемите што се појавуваат и честите ажурирања што ги нервираат корисниците, станува збор за одличен оперативен систем што претставува голем напредок во однос на она што „Мајкрософт“ го нудел кај постариот „Виндоус 95“ или „Виндоус 98“.

Без разлика дали на корисниците им служел за полесно и побрзо да се навикнат на новата верзија или да го променат изгледот за да се разликуваат од другите, кај постарите изданија на овој оперативен систем постоеше можност за визуелно „претворање“ во постара верзија, односно промена на изгледот на комплетен интерфејс во некоја од претходните верзии на „Виндоус“:

Ако некогаш сте се запрашале како би изгледал „Виндоус 10“ доколку би бил објавен кон крајот на минатиот век, одговорот на прашањето го дава јутјуберот Камер Кан Авдан, кој претходно дизајнирал видеоконцепти за напредните верзии на „Виндоус Екс-Пе“, „Виндоус 95“ и „Виндоус 7“. Тој неодамна ја прикажа својата нова ретро-верзија под името „Виндоус 10 - Издание од 90-тите“.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија