X
 01.02.2023 Живот

Професорите по 1.300, наставниците над 600, а лекарите по 777 евра - Колкави плати ќе земаат јавните службеници во Косово

Косовските медиуми објавија како ќе се пресметува платата во Косово и колкави плати ќе имаат вработените во јавниот сектор. Законот за плати, кој за неколку дена ќе стапи во сила во Косово, ги регулира платите на повеќе од 82 илјади работници од јавниот сектор.

За да се пресмета платата, треба да се знае дека има коефициент на платата во јавниот сектор, кој ќе изнесува 105 евра. Вредноста на коефициентот се множи со коефициентот и така се добива износот на платата. Така, на пример, ако некој службеник има коефициент 5, тој ќе зема основна плата во износ од 525 евра, без додатоците.

Во законот се предвидени коефициенти од 2 до 18, а ќе има 136 нивоа на коефициентите. Највисоката плата ќе ја има претседателот со коефициент 18, кој ќе зема плата од 1.890 евра.

Претседателот на Уставниот суд ќе има коефициент 17,5, додека претседателот на Парламентот и премиерот 17. Коефициентот за пратениците и министрите е ист и изнесува 16,4.

Така, во Косово јавните службеници ќе ги земаат приближно овие плати:

-Претседател на државата: 1.890 евра
-Претседател на Уставен суд: 1.837,5 евра
-Претседател на Парламент: 1.785 евра
-Премиер: 1.785 евра
-Пратеник: 1.722 евра
-Министер: 1.722 евра
-Заменик-министер: 1.554 евра
-Градоначалник на престолнината: 1.575 евра
-Градоначалник на општина со повеќе од 100.000 жители: 1.365 евра
-Градоначалник на општина до 10.000 жители: 1.239 евра
-Претседател на Врховен суд: 1.785 евра
-Претседател на Судски совет на Косово: 1.732,5 евра
-Судија во Основен суд: од 1.260 до 1.396,5 евра
-Командант на Косовските безбедносни сили: 1.575 евра
-Војник: 588 евра
-Регрут: 210 евра
-Директор на полиција: 1.522,5 евра
-Полицаец: 525 евра
-Нововработен полицаец: 472,5 евра
-Кадет: 210 евра
-Командир на пожарникарска бригада: 735 евра
-Пожарникар: 525 евра
-Пожарникар-практикант: 420 евра
-Директор на царина: 1.522,5 евра
-Цариник: од 987 до 682,5 евра
-Ректор: 1.491 евро
-Декан: 1.344 евра
-Редовен професор: 1.302 евра
-Директор на високо средно школо: 661,5 евра
-Директор на основно и ниско средно школо: 651 евро
-Наставник во високо средно школо: 609 евра
-Наставник во основно и ниско средно школо: 588 евра
-Воспитувач: 535,5 евра
-Директор на Универзитетскиот клинички центар: 1.470 евра
-Лекар-специјалист: 1.260 евра
-Општ лекар: 777 евра
-Главна сестра: 672 евра
-Сестра: од 588 до 535,5 евра

Законот предвидува компензација и за работа во ноќните часови и надвор од работното време.

Извор: Koha

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот