X
 01.03.2023 Култура

Вистинската приказна за филмскиот хит „Кокаинска мечка“ е поневеројатна од самиот филм

Филмот „Кокаинска мечка“ неодамна се појави во кината и според многумина, станува збор за необичен филм кој им се допадна на гледачите, а заработи и 23 милиони долари во првиот викенд во САД. Но, она што е уште понеобично од самиот филм е вистинската приказна врз која е базиран филмот.

Настанот кој делумно послужил како инспирација за почетокот на снимањето на овој филм се случил на 11 септември 1985 година. Поранешниот полицаец Ендрју Торнтон и неговиот партнер превезувале големи количества кокаин со приватен авион од Колумбија до Америка.

Но, кога сфатиле дека ги следи граничната патрола, Торнтон го ставил авионот во режим на автопилот и почнал да фрла кеси кокаин во близина на Националниот парк Ноксвил. При обидот да излезе од авионот, Торнтон се заплеткал во сопствениот падобран и загинал откако паднал во дворот на Фред Мајерс во Ноксвил.

Бизраниот сплет на околности не завршил тука, туку се претпоставува дека црна мечка во шумата го пронашла кокаинот вреден два милиони долари. Три месеци подоцна бил пронајден добро сочуван труп на мечка, а според лекарскиот извештај, по обдукцијата, се покажало дека мечката починала поради големо количество кокаин во телото.

Филмот „Кокаинска мечка“ претставува елаборација на оваа приказна, во која по консумирањето големо количество кокаин, мечката почнува да ги прогонува жителите во околината. Режисерката Елизабет Бенкс имала визија преку овој филм да им оддаде почит на хорор-филмовите „Ајкула“ и „Злобни мртви“ и воопшто на филмскиот жанр кој е на границата помеѓу хорор и црна комедија.



Извор: Index.hr
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура