X
 01.07.2019 Живот

Птица го храни своето младенче со догорче

Една птица била забележана како го храни своето младенче со догорче. Фотографијата поттикна бран од критики и гнев кон невнимателните пушачи затоа што непромислено ја загадуваат животната средина.

Птицата била фотографирана на плажа во Флорида, САД - во клунот го држела догорчето, а потоа го ставила во устата на младенчето.

- Ако пушите, не оставајте ги догорчињата зад себе. Време е да ги исчистиме нашите плажи и да престанеме да се однесуваме како да се голем пепелник. #nobuttsforbabies. - напиша Карен Мејсон, која ја направила фотографијата.

Интернет-корисниците ја поддржаа нејзината молба, велејќи дека фотографијата го кине срцето и е крајно разочарувачка.

- Младенчето треба да стане постер за промена - напиша еден интернет-корисник.

2
Фото: Karen Catbird Mason/Facebook

По фотографирањето на птицата Мејсон добила многу барања од светските медиуми за репродукција на фотографиите.

- Што и да е, ако помогне да ги натера луѓето да размислат пред да фрлат - вели Мејсон и објаснува дека птиците се хранат со сето она што ќе го соберат со клунот од водата.

- Тие не гледаат што собираат. Оваа птица сигурно не видела дека во клунот има догорче - пишува таа.

Во еден извештај на „Оушн конзерванси“ се вели дека догорчињата од цигарите биле најчест отпад од ѓубрето собрано од плажите на глобално ниво.

- Догорчињата се толку присутни, што повеќето од нас станаа слепи за нив. 4,5 билиони од нив се наоѓаат на нашите улици, паркови и плажи низ целиот свет. Повеќето луѓе не сфаќаат дека догорчињата се направени од целулоза ацетат, пластика што никогаш целосно не се разложува - вели Рејчел Кпен од Коалицијата за едукација за цигарите во Санта Круз.

- Овие филтри не нудат здравствена корист за пушачите и создаваат трајна еколошка закана, особено за океаните, кога не се соодветно фрлени - додава таа.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот