X
 27.04.2019 Култура

По 10 години напорна работа - откриена најголемата скулптура од птица во Индија

Можете да прашате кој било светски патник да именува неколку земји што смета дека треба да ги посетите во текот на овој живот. Речиси сите би ја кажале Индија како земја што секој треба да ја доживее - од неверојатната кујна до уште поневеројатната историја, култура и свети храмови. Но, постојат дури и повеќе причини да ја посетите оваа магична земја, а една од нив е извонредната статуа на орел што враќа во живот еден мит.

По 10 години напорна работа, индискиот уметник Раџив Анчал го отвори својот уникатен споменик за јавноста. Лоциран во близина на Керала, центарот „Јатау“ стана едно од најдобрите места за посета во Индија.

1
Фото: Kerala Tourism

Скулптурата е посветена на хинду епот „Рамајана“, напишан на санскрит. Епот раскажува приказна за огромниот орел на Рамајана кој паднал додека се борел против Равана, за да ја спаси хинду божицата Сита. Жителите на селото Чадајамангалам во Керала ја знаеле приказната многу долго време, но сега таа се врати во живот на најдобар можен начин. Ова е најголемата скулптура од птица во светот - долга 60 метри од опашката до главата.

Авторот на скулптурата, Раџив Анчал, вели дека идејата ја имал подолго од 10 години.

2
Фото: Kerala Tourism

- Го презентирав моделот за скулптурата пред министерството за туризам уште во 80-тите години кога студирав на Колеџот за ликовни уметности. Иако беа импресионирани, не се осмелив да го спроведам во дело.

Тој вели дека е важно споменикот да не се претвори од културолошки во религиозен.

4
Фото: Kerala Tourism

- Џатају умрел за да ја заштити честа на жена и токму тоа го претставува скулптурата. Луѓето од сите вери инвестираа во проектот и луѓето од сите вери ќе дојдат да го видат. Моето дело е за сите нив. За оние што бараат религија, има стар храм надвор од комплексот.

5
Фото: Kerala Tourism
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура