X
 01.08.2019 Култура

Погледнете ја оваа сцена која е исечена од „Одмаздници“

„Марвел“ објави исфрлена сцена од „Одмаздници: Завршница“, која многумина ја сметаат за најемотивната во целиот филмски серијал.

Меѓу бројните акциони сцени, патувањата низ времето и чудните теории за тоа како да се победи Танатос, во трите часа од филмот имаше и неколку емотивни сцени. Но, некои беа исечени од филмот… Тука се работи за смртта на еден од омилените ликови од приказната – Тони Старк, со прекар „Железниот Човек“ (Iron Man).

Филмот прикажува дека тој умира жртвувајќи се како херој, а потоа гледачите го проследуваат и неговиот погреб. Но, во штотуку објавената сцена, гледаме и како неговите пријатели и соборци се простуваат од Тони. Токму во мигот кога тој умира, неговата девојка клекнува крај него и го бакнува, а нејзе ѝ се придружуваат и Црниот Пантер, Капетанката Марвел и другите.


Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура