X
 01.09.2019 Технологија

Француската железница ќе стане „зелена“ - порача водородни возови

Франција ѝ се приклучува на револуцијата со водороден воз, изјави шефот на државниот железнички оператор СНЦФ, најавувајќи ја порачката на 15 регионални возови на водород што треба да ги заменат загадувачките дизел-модели.

Водородните возови се опремени со горивни ќелии што произведуваат електрична енергија преку комбинација на водород и кислород. Германија беше првата земја што ја искористи технологијата пред една година, распоредувајќи два воза направени од францускиот производител „Алстом“.

- Се надеваме дека за неколку недели ќе потпишеме порачка за производство на 15 водородни возови - изјави директорот на СНЦФ, Гијом Пепи, додавајќи дека возовите ќе бидат во функција за околу две години.


„Алстом“ предложи да се приспособи моделот на Германија, кој користи мешавина на електрична енергија и водород.

До 2021 година француските железници планираат да заменат некои дизел-модели со нови дизел-електрични хибридни возови на североисток, запад и југ.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија