X
 01.10.2019 Наука

Наскоро ќе откриеме вонземен живот, но светот сѐ уште не е подготвен за тоа

Се подготвува нешто големо. За помалку од две години би можеле да откриеме вонземен живот, но светот сè уште не е подготвен за тоа - вели Џим Гин, еден од главните научници на НАСА.

Во март 2021 година на Марс ќе слета роверот „Ексомарс“, посветен на британската хемичарка Росалинда Франклин. Роверот ќе бара вонземен живот и органски материи, а негова цел ќе бидат карпести формации во јадрото на планетата.

Овој напредок ќе отвори прашања за тоа дали луѓето можат да се движат помеѓу планетите и каков би бил другиот живот, и првпат материја од Марс ќе биде донесена на нашата планета. Научниците сакаат да пронајдат минерали што се создаваат само ако на планетата има живот, а сметаат дека најпрво ќе ги пронајдат околу океанот на Марс.

vonzemjani
Фото: Getty Images


- Кога животната средина станува екстремна, животот се сели во карпите - вели Грин.

На почетокот од оваа година научниците ги открија првите геолошки докази за составот на резервоарот за вода длабоко под површината на Марс. Истражувањето на сателитот „Марс Експрес“ го откри опсегот на поранешни подземни езера врз основа на одликите на дното на длабоките кратери.

- Марс порано бил воден свет, но како што се менувала климата на планетата, водата се повлекувала под површината за да формира базени и „подземни води“ - рече Франческо Салеш од Универзитетот во Утрехт, Холандија. Многубројните карактеристики што се гледаат на дното на кратерот на длабочина од 4.000 до 4.500 метри укажуваат на тоа дека таму имало вода, со докази за базени и протоци што се менувале со текот на времето.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука